Идентификација на факторите на СДИ во ЕУ за 2018 година

0
500

Price is what you pay.

Value is what you get.

Warren Buffet

 

Истражувањето врз основа на економетриска анализа е изработено со цел за идентификување на факторите на елементот кој претставува акцелератор на економскиот раст, а тоа се Странските директни инвестиции (во понатамошниот текст: СДИ). Презентираме каква е корелацијата помеѓу СДИ и суб-индексите на Doing Business за 2018 година како што се: започнување на бизнис, снабденост со електрична енергија, можност за добивање на кредит, висина на даноците, извршување на договори, добивање на градежни дозволи, регистрирање на имот, заштита на малцинските инвеститори, меѓународна трговија, решавање на несолвентност. Оваа анализа се заснова на голем примерок составен од сите 46 држави од еврозоната (земји членки и земји кандидати членки во ЕУ, со исклучок на Мароко), истражување кое ги потврдува факторите кои ги условуваат мотивите за преселба на странскиот капитал во селектирана економија.

Директните инвестиции во странство ги опфаќаат вложувањата на директниот инвеститор (правно или физичко лице) т.е. резидент, во претпријатието во кое се инвестира т.е. нерезидент. Директните инвестиции во земјата ги опфаќаат вложувањата на директниот инвеститор (правно или физичко лице) т.е. нерезидент, во претпријатието во кое се инвестира т.е. резидент.

Деловната регулација може да зрачи живот за нови идеи. Кога еден софтверски инженер т.е. програмер идентификува дека постои потенцијал за развој на подобар и поевтин производ, деловната регулација може да биде пресудна за основање на сопствен стартап бизнис. Претприемачот ќе го насочи сопствениот капитал во економија која транспарентно и предвидливо ги регулира бизнис активностите. Спротивно на тоа, во економиите каде деловната регулација е непогодна или повеќесмислена, постои демотивација за основање на бизнис. Во овој случај, економијата претрпува загуба од потенцијално нов претприемач кој е придружен со инвестиционен капитал и отворање на нови работни места. Следствено на тоа, субјектите на страната на потрошувачката имаат помала понуда која е најчесто со слаб квалитет и висока цена.

Десетте индикатори кои Светска банка годишно ги објавува во извештајот Doing Business ја постулираат корисноста и квалитетот на деловната регулација на бизнисите.Тие го илустрираат подобрувањето на бизнис регулативата.

Имено, високите почетни трошоци за основање на компанија водат кон ниска вкупна продуктивност. Постоечките компании ќе продолжат со активностите независно од слабата продуктивност бидејќи егзистира мала конкуренција. Недостатокот на ефикасна бизнис регулатива во крајна инстанца води кон насочување на потенцијалните компании кон неформалниот сектор.

Doing Business извештајот обезбедува кредитни информации од кредитните агенции и бироа. Кога функционираат добро, овие институции претставуваат основен елемент на економската и финансиска инфраструктура преку зајакнување на пристапот до финансиски услуги, особено на кредитирањето. Со собирање и споделување на кредитните информации, таквите агенции ја редуцираат асиметријата во информациите, го зголемуваат пристапот до кредити за малите компании, овозможуваат пониски каматни стапки, подобрување на дисциплината на заемопримачот, зајакнување на банкарскиот надзор и мониторинг на кредитниот ризик.

Doing Business се фокусира на квалитетот на правните институции. За компаниите во насока на вложување на капитал, правните механизми се потребни за спречување на злоупотребата на корпоративни средства од инсајдери на компанијата за лични интереси (особено за време на финансиска криза или пазарни шокови).

Индикаторите за деловно работење за решавање на несолвентност посочуваат докази за силна корелација помеѓу квалитетот на регулативата и ефикасните резултати.

Во областа на прекуграничната трговија, Doing Business ја мери ефективноста на трговската логистика. Автоматизацијата на пристаништата претставува трговско олеснување и мотор за регионален економски развој.

Имено, десетте суб-индекси од Doing Business извештајот за 2018 година кои се опфатени во ова истражување како независни (објаснувачки) променливи т.е. регресори коишто се неопходни за објаснување на зависната (објаснета) променлива т.е. регресандот СДИ заедно со регресорите индексот за перцепција на корупцијата (CPI) за 2018 година на Transparency International и резултатите од PISA тестирањето за 2015 година на OECD се следниве: започнување на бизнис, пристап до електрична енергија, можност за добивање на кредит, висина на даночни стапки, извршување на договорите, градежни дозволи, регистрирање на имот, заштита на малцински инвеститори, прекугранична трговија, решавање на несолвентност.

Регресиониот модел кој го земаме за основа и темел на статистичкото заклучување и економското толкување е со исклучените објаснувачки променливи кои се статистички незначајни, но не и економски незначајни во практична смисла (висина на даночни стапки, извршување на договорите, градежни дозволи, започнување на бизнис, заштита на малцински инвеститори, решавање на несолвентност, прекугранична трговија, корупција), модел кој ќе ги содржи само регистрирање на имот, можност за добивање на кредит, пристап до електрична енергија и PISA резултатите како значајни објаснувачки променливи можеме математички да го изразиме на следниов начин:

SDI – приливи на СДИ во 46-те земји за 2018 година, (зависна променлива);

– константен член (коефициент на отсечок);

регистрирање на имот (објаснувачка променлива)

можност за добивање на кредит (објаснувачка променлива);

пристап до електрична енергија (објаснувачка променлива);

 способност на учениците преку читање, математика и природни науки да се соочат со животните предизвици (објаснувачка променлива).

На овој начин специфицираниот редуциран регресионен модел може да се оцени со методот на најмали квадрати и подолу во табелата ги добиваме оценките на коефициентите.

 

Табела: Оценет редуцираниот регресионен модел со МНК во економетрискиот софтвер Eviews

При вака оценетиот конечен редуциран регресионен модел, можеме да заклучиме дека на сите три нивоа на значајност ,  и  статистички значаeн коефициент на нагиб ни е единствено струја, додека објаснувачките променливи имот и кредит се значајни само со ниво на доверба од 90%(α=0,1) и 95%(α=0,05). Статистички незначаен коефициент на нагиб со двете нивоа на доверба од 99%(α=0,01) и 95%(α=0,05)  е PISA кој е само значаен со ниво на доверба од 90% (α=0,1).

 

Forecasts may tell you a

great deal about the forecaster;

They tell you nothing about the future.

Warren Buffet

 

Релевантноста на солидно специфицираниот регресионен модел кој опфаќа четири значајни објаснувачки променливи (регистрирање на имот, можност за добивање на кредит, пристап до електрична енергија и PISA резултатите) кои ја условуваат објаснетоста на објаснетата променлива СДИ ние ја докажавме со исполнување на претпоставките на КЛРМ преку кој добивме најдобри линеарни, непристрасни и ефикасни оценки на параметрите. Дистинкцијата помеѓу ова истражување и останатите анализи на оваа тематика е во вклучените објаснувачки променливи кои потекнуват од суб-индексите на извештајот Doing Business за 2018 година кои ги користиме ние vis-à-vis останатите научници во анализите. За крај, должиме економско објаснување на добиените регресиони коефициенти од спроведената оценка на регресиониот модел.

Имено, доколку суб-индексот регистрирање на имот се зголеми за еден поен, во просек СДИ ќе се намалат за -1757289154.51 милијарди долари. Искривената слика за практиката која ја рефлектира толкувањето на овој резултат од регресионата анализа може да се поправи и преку двонасочната т.е. обратнопропорционалната корелација помеѓу СДИ и суб-индексот имот, во смисла дека и СДИ имаат влијание врз нивото на издатоците при имотно-правните односи и квалитетот на системот за управување со земјиштата во националните економии коишто пак се детерминирани од нивото на економската развиеност на земјата мерена преку растот на БДП per capita.

Во случај вредноста на суб-индексот можност за добивање на кредит да се зголеми за еден поен, во просек СДИ ќе се зголемат за 1302223825.27 милијарди долари, резултат кој припаѓа во доменот на теоретското економско резонирање на односите помеѓу диферентните поволности од страна на државата насочени кон странските инвеститори во духот на креирањето на поволната бизнис клима.

Ако вредноста на суб-индексот пристап до електрична енергија се зголеми за 1 поен, во просек СДИ ќе се зголемат за 1956290630.65 милијарди долари. Повторно, и овој резултат како и претходниот се совпаѓа со здраворазумното економско толкување на односите помеѓу разноликите детерминанти и СДИ.

Доколку вредноста на независната променлива PISA резултати се зголеми за еден поен, во просек СДИ ќе се намалат за -27818184160.43 милијарди долари. Искривената слика за реалноста која ја рефлектира толкувањето на овој резултат од регресионата анализа може да се поправи и преку двонасочната т.е. обратнопропорционалната поврзаност помеѓу СДИ и индикаторот PISA, во насока дека и СДИ имаат влијание врз нивото на животниот стандард т.е. квалитет на животот (мерен преку БДП per capita) кој пак многу силно влијае на квалитетот на домувањето, храната, кодот на облекување, мотивите и целокупното множество на белези кое го дефинира животниот стил на потенцијалниот стручен и академски кадар.

СДИ-проект-2

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде