Високи се шансите да останеме невработени во иднина! (I)

0
4250

При отворањето на Светскиот економски форум во 2016 година, основачот на овој собир Klaus Schwab истакнувајќи дека сме на почетокот на една револуција која радикално ќе ги промени нашите животи, начини на работа и односи, подвлече дека сме влезени во еден силен процес на трансформација.

Martin Luther King, Jr. уште во 1968 година на својот последен говор велеше дека никој не може да ја негира вистината дека доживуваме “Тројна револуција”. Изразот “Тројна револуција” потекнуваше од еден извештај изготвен од страна на една група истакнати академици, научници, новинари и технолози. Се однесуваше за следните револуции: (1) Технолошката револуција предизвикана од компјутеризираната контрола и автоматизацијата. (2) Револуција во вооружувањето предизвикана од појавувањето на атомската бомба и нуклеарното оружје. (3) Револуција за човекови права предизвикана од индивидуалниот либерализам во смисла луѓето да се слушаат себеси, да го следат своето срце и да останат верни на своите идеи сè додека не ја нарушуваат слободата на другите. Оваа индивидуална слобода е универзално загарантирано човеково право. Според овој извештај, во економскиот поредок кој ќе се роди во блиска иднина, компјутерските системи и роботите со минимум човекова димензија и вклученост ќе можат да произведат неограничен број на производи и услуги.

Во 2013 година дописникот на New York Times, John Markoff објави делови од статијата на професорот и истакнат математичар од Massachusetts Institute of Technology, Norbert Wiener, напишана за својата визија за иднината на компјутерите и автоматизацијата. Wiener, уште во 1949 година го имаше напишано следното: “Сите работи кои ги правиме на јасен и разбирлив начин може да се направат од страна на интелигентните машини”. Тој, предупреди дека оваа ситуација еден ден може да предизвика “брутална индустриска револуција” која ќе има тешки последици за човештвото. Wiener, исто така, тврдеше дека “со развивањето на способностите на машините економската вредност на рутинскиот работник во фабриката ќе се намали до тој степен што нема да вреди што се вработил”.

Никој не може да претпостави како ќе изгледа пазарот на труд во 2050 година. Според анализата на Светскиот економски форум, Четвртата индустриска револуција се очекува да предизвика губење од 5,1 милиони работни места во 15 земји коишто сочинуваат 65% од глобалната работна сила. Доколку во пресметката се додаваат и социо-економските и демографските тенденции станува јасно дека пазарот на работната сила во наредните периоди ќе доживее сериозни промени. Индустријализацијата 4.0 се очекува да го усоврши компјутеризацијата во преработувачката индустрија и цели кон опремување на производството со највисока технологија. Овде се истакнуваат три основни цели: (1) Минимизирање на човековиот фактор во производството и елиминирање на пропустите во производството направени од страна на човекот. (2) Достигнување на високо ниво на флексибилност во производството и создавање услови за дизајнирање производи коишто ќе ги исполнуваат специфичните барања на потрошувачот. (3) Интензивирање на процесот на производство.

Почнувајќи од 1980 година, како резултат на глобализацијата на светската економија, производството почна да се трансферира во земјите кои се одликуваат со ниска цена на трудот и нудат даночни олеснувања. Капиталот од САД и Европа, се пресели во Кина и другите земји од Далечниот Исток. Со текот на времето, овие земји освен производството за другите почнаа да произведуваат и под сопствени брендови.

  2006 2011
ЕУ (27) 550 620
Кина 170 580
САД 280 280
Германија 190 220
Русија 10 15

Табела: Продажба на индустриски производи (во милијарди долари)

Како што може да се забележи од табелата, Кина има неверојатен скок од 241% во продажбата на индустриски производи. Земјите од Запад увидувајќи дека почнува да се шири јазот помеѓу Истокот и Западот, во 2011 година ја ставија на дневен ред процесот на Индустријализацијата 4.0. Со овој процес се засили трендот на “враќање на производството дома (reshoring)”.

Според Martin Ford, автор на бестселерот “Подемот на роботите”, освен фантастичното зголемување на индустриското производство во Кина, како други причини за засилување на трендот на враќање на производството дома се нагласуваат, новите технологии и растот на платите во земјите кои се одликуваат со ниска цена на трудот. На пример, во Кина во периодот од 2005-2010 година платата на сините јаки се зголемило за 20% просечно годишно. Во Кина и другите земји во развој најголем дел од вработените се концентрирани во прарботувачката индустрија. Технолошкиот напредок веќе удри на работните места во фабриките; во периодот од 1995-2002 година Кина изгуби 16 милиони работни позиции или 15% од својата работна сила во преработувачката индустрија. Еден дел од европските производители на индустриски роботи интензивно инвестираат во кинескиот пазар. Една од причините за зголемената автоматизација во Кина е политиката на одржување на каматната стапка којашто ја плаќаат големите компании на ниско ниво. Ова го прави инвестирањето многу привлечно, иако платите на обичните работници растат. Затоа, околу половина од БДП-то на Кина се состои од инвестициите. Но, трендот на автоматизација на производните процеси кај земјите во развој не е ограничен само со Кина. Производителите на облека и обувки кои се вбројуваат меѓу нај трудо-интензивните сектори сектори, поради високите трошоци во Кина се преселуваат во Виетнам или Индонезија.

На оваа моја прва статија во серијалот статии кои планирам да ги напишам на тема “Ефектите на Четвртата индустриска револуција врз глобалниот пазар на труд”, се обидов да расфрлам неколку теми кои понатаму ќе ги разработиме.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде