Вистината за мигрантите и економската помош

0
1747

За да ја започнеме оваа дискусија, неопходен е еден краток преглед на статистиката, за подобро да сфатиме каде лежи проблемот. Инфлуксот на доселеници од Арапските држави не започна со мигрантската криза, туку прв пат се јави во забележителни износи за време на 70тите години од минатиот век и од тогаш па до денес, речиси константно се интензивира. Само во 2015та година, во Европа, само како бегалци се населиле 1 милион луѓе. Краток преглед на бројките во државите со најмногу населувања во Западна Европа ќе ни каже дека родени во арапските држави во 2014/15 година биле 6% од жителите на Шведска, 7% од граѓаните на Германија, и околу 5% од жителите на Велика Британија и Италија. Во Франција, каде што има убедливо најмногу доселеници од арапскиот свет, денес околу 20% од популацијата е или по потекло од тој регион, а родена во Франција, или родена таму, па доселена во Франција.

За некои, овие бројки не значат ништо. Аргументот кој тие ќе го изложат е дека, во најголемиот дел од случаите, во овие случаи се работи за кутри луѓе, кои, сакајќи да избегаат од сиромаштијата и војните кои сега се водат на Блискиот Исток, дошле во потрага по спас во Европа и дека на таквите луѓе е морално и доблесно да им се помогне. Јас со оваа нивна констатација ќе се согласам речиси целосно. Да, овие луѓе се измачени. Да, апсолутно треба да се најде начин да им се помогне, и тоа би било правилното и морално нешто што ние како битија имаме обврска да го правиме. Онаму каде ние не се согласуваме, е околу начинот на кој треба да им се помогне на овие луѓе.

Миграцијата, општо земена, јас би рекол дека не е негативна, туку ужасна појава. Зошто? Затоа што претставува смрт и за државите од кои има иселувања, и за државите во кои има доселувања. За првите, миграцијата остава пусти села и градови, ја осиромашува државата од своите најпаметни, најамбициозни граѓани, односно од оние кои имаат најголем потенцијал да помогнат во вистинскиот и правилен развој на својата држава (не само економски). Заради иселувањата, многу земји во светот имаат огромни недостатоци на доктори, на експерти од сите области, ги губат сите нивни граѓани кои постигнуваат успеси во полето на бизнисот, науката, спортот, ги губат сите политички свесни граѓани кои ќе се борат за подобро утре.

Со сето тоа, со самата емиграција од сиромашните држави, сиромашните држави остануваат сиромашни многу подолго отколку ако нивните експерти останале во државата и работеле на нејзиниот развој и државата уште подолго одошто треба ќе страда во сиромаштија, глад и болести. Со емиграцијата, илјадници и милиони фамилии се растргнати, баби и дедовци од внуците, родители од децата, браќа од сестри. Заради емиграцијата, многу често во емиграционите предели на власт доаѓаат неспособни и корумпирани политичари кои многу често прераснуваат во диктатори, бидејќи нема интелектуална критична маса да проѕре преку нивните измами и да ги казни. Зарем ова за овие држави, во случајов Арапските (но важи за сите), е позитивна појава?

Или пак да не е позитивна појава за имиграциските региони, оние каде се доселуваат имигрантите? На краток рок, и во теорија, да, бидејќи добиваат бесплатна, образована маса која ќе допринесе во идниот развој на земјата и која ќе претставува двигател на економиите. Во реалноста не само што ова не се остварува, туку, напротив, доселените маси создаваат огромни дополнителни проблеми кои инаку тоа општество би ги немало. Ова го потврдува и статистиката. Од милионите бегалци кои дојдоа во Германија, огромното мнозинство останале невработени до денес, и според пресметките на властите ¾ од нив ќе останат невработени и во наредните 10 години. Тоа е огромна маса на луѓе која само ќе седи безработно и ќе прима социјална помош, цицајќи ја државата од средства кои би можеле да се употребат за напредок.

Од друга страна, имигрантите со себе носат, за Европејците, речиси целосно странска култура. Ова не изгледа како голем проблем, ама е, и тоа суштински. Проблемот не е во културата што ја носат овие луѓе, нема ништо лошо во фактот што постојат различни култури во светот, туку во тоа што не ја оставаат. Овој проблем генерално важи само за арапските доселеници (се разбира не за сите меѓутоа за огромното мнозинство). Тие одбиваат секаков обид на властите да се интегрираат во Европските општества. Живеат во гетоизирани делови од големите градови, и многу често се случува да нападнат Европејци кои поминуваат бидејќи не се согласуваат со начинот на кои тие се облекуваат или однесуваат (особено жените). Потоа тука се терористичките напади кои веќе станаа редовна појава на Западот после масовните миграции.

Но од сето ова, најголем проблем е фактот што овие луѓе, со своите доста поголеми стапки на раѓање, полека но сигурно, целосно ќе ги заменат Европските нации. Тоа е очигледно уште сега. Во Велика Британија, речиси ¾ од новороденчињата се родени во фамилии каде еден или два родитела се имигранти (по потекло или раѓање). Слично и во Франција, стапката е околу 60%. Ова, барем за мене, е ужасен факт. Лично јас, не би сакал да дознаам, некаде во иднината, дека повеќе не постојат Французи, Британци, Германци, Италијанци, и мислам дека сите треба да се согласат со ова.

Секако дека овие нации, заедно со нивните култури и идеологии, не се совршени, и има огромен број на работи кои и мене не ми се допаѓаат за нивната цивилизацијата и нејзините вредности денес. Но исто така е вистина дека се работи за најразвиените, најнапредните, културно-општествено и историски, и филозофско-уметнички едни од најбогатите нации во историјата на светот. А сега токму тие се соочуваат со исчезнување, од една страна заради тоа што доселениците целосно ќе го сменат националниот и генетскиот состав на државите, а од друга страна затоа што не ја попримаат домашната култура, па така макар и на некој вештачки начин да ја одржат.

Фактот е неоспорен – едни од најразвиените држави на светот се под демографски и културен напад и се наоѓаат пред исчезнување, и нивните политичари и нивните жители го имаат не само правото, туку и одговорноста жестоко да се одбранат од исчезнување. Секако дека светот би продолжил без нив, кој знае, можеби со текот на времето би станал и подобар, меѓутоа да не заборавиме дека на истиот начин, со доселување на огромни маси народи на територијата на Римската Империја, таа моќна држава пропадна, и Европа беше во хаос и безредие стотици години, и беше уназадена во потенцијалниот развој уште толку стотици.

А како и да е, барем во името на културниот диверзитет кој оние кои ги примаат мигрантите велат дека го сакаат, треба да се стремиме да одржиме во живот и да не дозволиме да исчезне секоја една оригинална култура и нација во светот (без разлика дали се работи за европските или други). Овие луѓе кои велат дека сакаат диверзитет на култури, со своите акции токму тотално ги уништуваат сите европски нации и култури, а од Европа прават еден хаос од стотици различни култури и нации помеѓу кои неизбежно ќе дојде до судири. Прават континент БЕЗ култура и без нации. Конгломерат на се, кој на крајот се сведува на ништо. На крајот на краиштата, некои од овие доселеници изгледа имаат и зла задна намера. Тоа може да се гледа и по структурата на доселениците, каде има три машки доселеници на едно женско (што е крајно симптоматично ако овие луѓе бегаат од војни), но е и потврдено со некои радикални исламски протести и маршови каде јавно се повикува на “множење дури не исчезнат Европејците”.

Заради се ова што го набројав, решението на овој проблем не е доселувањето на мигранти во Европа. На крајот на краиштата, зошто напорите и средствата на богатите земји да одат исклучиво кај оние “кукавици” кои ги напуштиле своите држави? Tие се само мал дел од нивните сонародници кои исто така се дават во војни, судири, сиромаштија и глад. Решение не е европјаните да бидат спасители на малечок дел од страдалниците, а со тоа самите да се уништат. Затоа мора да се најде решение со кое ќе им се помогне на СИТЕ луѓе во емиграционите подрачја и конечно ќе се изгради еден севкупно подобар свет.

Решението е просто: оние кои веќе се дојдени во Европа да се населат во кампови и да бидат чувани за да не дојде до конфликти и терористички напади. Во меѓувреме светските сили здружено да стават крај на војните во Блискиот Исток и парите што ги вложуваат во мигрантите, да ги вложат во нивните држави каде ќе пратат и експерти и мисии со кои ќе драстично ќе се забрза растот и напредокот на овие региони. Додека трае тоа, мигрантите полека треба да се доселат од своите кампови во своите родни краеви, каде заедно со своите роднини и пријатели нема повеќе да живеат во глад и сиромаштија.

Секако ова не важи само за Арапскиот свет. Стотици милиони луѓе ширум светот ги имаат истите проблеми, па и ние во нашава Македонија жестоко го имаме почуствувано. Зарем пак и ние не сме луѓе? Затоа ова решение би требало ги опфати сите неразвиени региони, да ги накрене, да ги врати емигрантите кај своите фамилии, да обезбеди благосостојба за сите, а не за дел, а притоа да не уништи ништо. Тоа е единственото правилно, доблесно, морално и добро решение кое јас можам да го видам. Единствениот вистински одговор на една ваква тешка и комплексна ситуација.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде