Демографската слика на Македонија

0
1107

Долг период во македонските медиуми како и во многу извештаи како црвена нишка се проткајуваат заклучоците како што се структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети итн. Гледано од меѓународна инстанца тоа е „домашна задача“ која што ние треба да си ја завршиме, додека пак гледано од домашна перспектива оваа формулација на некој начин е крајна цел на сите стејкхолдери во државата, особено на политичарите каде за да се декомпонира и аплицира во разни области е неопходна сериозна ангажираност.

Во овој текст преку бројки сакам да ја истакнам нужноста од што е можна побрза имплементација на тие реформи во различни области и нивоа во државата, а како главен индикатор кој алармира за сето тоа е движењето на населението.

Доколку ги погледнеме податоците на Светска Банка генерички како годишна стапка на раст на населението од 2005 година па наваму немаме повисока бројка од 0,2 %, а во 2018 година имаме околу 0,05 % годишна стапка на раст на населението.

Понатаму, доколку податоците за демографските движења ги дезагрериаме по региони состајбата е уште позагрижувачка. Така источниот (-526), вардарскиот (-117), пелагонискиот (-952), југоисточниот (-60), југозападниот (-56) се соочуваат со негативен природен прираст. (Извор ДЗС)

Имајќи го во предвид фактот дека населението (трудот) е еден од факторите на производство ова на долг рок ќе се одрази на намалување на производствениот потенцијал на овие региони што ќе генерира диспропорции во регионалниот развој што пак има дирекно влијание врз конкурентноста на цела економија.

Ваквата состојба индицира на потребата од што е можно побрзо формирање на некој вид институционално решение (министерство, биро итн.) со извонреден кадровски (експертски) и финансиски капацитет кои врз база на длабински анализи ќе формира популациона политика каде акцентот треба да биде ставен врз овие регионални диспаритети, а најважно од се е да не отсуствува ,,менаџмент на перформанси”” во истата.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде