ЗА НАС

Запознајте го тимот!

Професор д-р Борче Треновски

Стефан Солев

Млад истражувач

Анастасија Милковска

Млад истражувач

Марјан Николоски

Млад истражувач

Мартин Костовски

Млад истражувач

Тоше Стоилов

Млад истражувач

Ристе Костовски

Млад истражувач

Игор Митевски

Техничкa поддршка

Кристијан Кожески

Асистент истражувач

Ѓунтер Мерџан

Асистент истражувач

Мисија

Нашата цел е да им овозможиме на сите млади умови да ги канализираат своите идеи, размислувања и предлози, кои преточени во статии, истражувања и анализи ќе ја развијат нивната критичка мисла и ќе придонесат за креирање на едуцирана младина која гласно ги истакнува своите мислења на актуелни теми од областа на економијата и има силно влијание во креирањето на идните економски концепти и политики.

Визија

Нашата визија е да прераснеме во реномирана платформа за вмрежување, промовирање и едуцирање на младите економисти во земјава и регионот, која ќе биде симбол за младата македонска интелектуална елита, двигателот на економските текови во утрешното општество.

Кои сме ние?

Идејата за Млади економски умови (Young Economic Minds) се роди во клупите на Економскиот факултет – Скопје, УКИМ каде низ дебата беше артикулирана потребата за создавање на можност на младите економисти да ги споделуваат своите трудови, размислувања и истражувања со цел градење на една мрежа од млади истражувачи кои ќе помогнат во креирањето на успешни економски политики и поттикнување на економскиот развој во државата. Идејата набрзо прерасна во иницијатива од страна на неколку студенти и професорот Борче Треновски, при што беше прифатен предизвикот  за креирање на веб-порталот Young Economic Minds (YEM).

YEM всушност претставува платформа преку која младите економисти добиваат можност за споделување на своите мисли и  идеи, кои преточени во научни статии, анализи и истражувања ќе бидат споделени со јавноста. Ова би им помогнало да ја развијат и канализираат својата критичка мисла, да почнат да се вклучуваат во економските научни кругови и да бидат вклучени во дизајнирањето на идните економски промени. Освен тоа, YEM се залага за зголемена економска и финансиска писменост на младите како и доближување на комплексните и сложени економски варијабли и феномени до сите млади лица.

Со мотото КАПИТАЛИЗИРАЈ НА ЗНАЕЊЕ ние сакаме да им помогнеме на сите млади умови, брзо и едноставно, по пат на заемно споделување на идеи, информации, публикации да дојдат до знаења кои ќе им бидат особено важни за стартување на кариерата, применување на стекнатите знаења и иницирање на промени со цел создавање на подобро општество за сите.

Партнери