Индустријата за видео игри

0
261

Индустријата за видео игри е една од најпропулзивните во економските системи во современото глобално оштество. Секојдневно се издаваат нови наслови на овој вид забавен софтвер кој највеќе е експлоатиран од страна на младата популација во светот. Поради отсуство на државната интервениција и присуството на саморегулација во индустријата, нејасно дефинирани оценки и класификации на видео игрите во склад со возрасните структури на корисници, глобално се случуваат значаен број немили и погубни настани кои се еден вид на „чума“ во училиштата ширум националните економии. На ова место се обидуваме да направиме еден преглед на сите несакани екстерни ефекти кои се генерирани од страна на (не) совесните индустриски играчи во овој сектор, како тие се амортизирани од реални практични примери во сферата на видео игрите и кои државни институции и политички субјекти прават напори да ги елиминираат од своите земји.

Фузиите на студијата кои го произведуваат овој забавен софтвер се потенцијал за зголемување на пазарното учество на компаниите  играчи, потиснување на конкуренцијата  и  низа останати позитивни и негативни ефекти за индустријата и финалните потрошувачи. Ја анализираме една од најголемите фузии на најпопуларните производители и издавачи на видео игри Activision и Blizzard Enterntainment и правиме една куса cost-benefit студија за нејзиниот импакт во секторот.

Аквизацијата на Electronic Arts (EA) со Bioware  е една од најконтроверзните во историјата на индустријата. Со оваа аквизиција е уништен дел од конкурентскиот потенцијал, се зголеми невработеноста и се опљачкосаа финалните потрошувачи од страна на моќниот гигант EA.

Video igri trud

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде