КОРОНА КРИЗАТА И Е-ТРГОВИЈАТА

0
393

Живееме во време на пандемија, здравствена криза. Евидентна е огромна промена во секојдневното функционирањето на сите економски субјекти во македонската економија, но и глобално во целиот свет во  последните неколку месеци поради здравствената криза предизвикана од Корона вирусот. Најпрво, зголемена е неизвесноста кај економските субјекти, рестрикции во движењето на населението, што резултира со намалена потрошувачка, ограничувања во работењето кај некои економски сектори што резултира со намалена понуди во секторот, но и воопшто намалена агрегатна понуда. Владите преземаат низа мерки за стимулирање на приватната потрошувачката, експанзивна фискална и монетарна политика, мерки за поддршка на претпријатијата за исплата на плати, даночни олеснувања и ред други мерки. Здравствените експерти се впуштаат во структурни истражувања на вирусот, потрага по вакцина, но никој категорично неможе да потврди кога истата ќе се пронајде, дистрибуира до сите земји во светот, а уште понеизвесна е нејзината ефективност.

Имајќи го во предвид фактот дека неможе со сигурност да се потврди кога ќе дојде крајот на оваа пандемија која го зафати светот, со цел да се намалат негативните ефекти од здравствената криза врз економските текови, пожелно е да се тендира да им се помогне на економиите, вклучително и на македонската да изнајдат механизми за нивно функционирање и во време на оваа пандемија.

Имено, секторските носители на развојот на секоја економија се различни, затоа и негативниот импакт врз секоја економија од оваа криза е различен кај секоја земја. Оттука, имајќи го во предвид карактерот на оваа здравствена криза како амортизер на негативните ефекти врз стопанството исто така и како механизам за негово функционирање во време на оваа пандемија може да се користи дигиталната економија. Оттука, доколку, се проанализира развојот на некои подсегменти на дигиталната економија, како на пример електронската трговија во Република Македонија ќе видиме дека нејзината застапеност кај претпријатијата е сеуште релативно ниска. Затоа креаторите на политиките, покрај мерките за стимулирање на приватната и јавна потрошувачка,  како и мерките за зачувување на работните места треба да размислат за креирање програма за стимулирање на електронската трговија во македонската економија. На краток рок стимулирањето на е-трговијата, може да послужи како механизам за стабилизирање на падот на приходите кај деловните субјекти, но паралелно треба да се работи на креирање среднорочна стратегија за развој на овој сегмент кој што во периодот после кризата ќе биде еден од главните катализатори на економски раст и развој. Во рамките на истата, неопходно е да се направи анализа на капацитетите за користење на е-трговијата во одделни сектори и потребните ресурси за нивно развивање во рамки на истите. Исто така, потребно е добро дефиниран ефикасен процес на управување со ризици и управување со перформансите при нејзиното имплементирање.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде