Правила за објавување

Со цел зачувување на форматот на YEM JOURNAL потребно е да бидат испочитувани следните правила:

Форма: текстот треба да изгледа како новинарска статија во која на јасен и едноставен начин ќе бидат образложени аргументите и гледиштата на авторот. Содржината не треба да биде навредлива, ниту да содржи несoодветен јазик кој може да се смета за навреда и вулгарност. Големината на текстот да биде до 1300 зборови, со проред од 1.15, фонт големина 12.
Цитати и превземени содржини: Сите цитати и преземени содржини кои се директно вметнати во текстот треба да бидат соодветно обележани и поставени во футнота на документот.
Наслов: потребно е да обезбедите наслов на статијата кој ќе соодветствува со темата на вашиот труд. Насловот треба да биде позициониран во централниот дел на документот во големина на фонт 16.
Pitch line: дел од статијата кој сакате да биде првично претставен. (не подолг од 50 збора во италик).
Името и презимето на авторот треба да бидат уредно запишани во документот.

Истражувањата и анализите треба да бидат базирани на професионални теми од областа на економијата и економските дисциплини. Замолуваме за јасна аргументација и придржување до академскиот стил на пишување. Испратените анализи и истражувања, поминуваат низ скрининг процес во кој се востановува дали опфатените теми се релеавнтни за нашата веб страна или не се. Доколку се релевантни, истите ќе бидат објавени во доследен временски период. Доколку истражувањето не е релевантно на тематиката на веб страната, истото нема да биде објавено за што дополнително ќе бидете известени.

Притоа, правилата изложени погоре за YEM JOURNAL важат и за ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ, со исклучок на должината на вашите трудови, кои во оваа секција можат да бидат било која должина.

Сакаме да поттикнеме здрава дебата за јавниот интерес и затоа ги охрабруваме читателите да оставаат разумни и конструктивни коментари на сите наши блогови, вклучувајќи и силни критики. Коментаторот, а не објавувачот на статијата, или YEM, е одговорен за содржината на коментарите. Затоа, уредувачкиот одбор го задржува правото да менува, брише, преместува или обележува како несоодветен коментар за сите коментари. За да не дојде до тоа, ве замолуваме да ги следите следниве насоки:

Јазик и пристојност: Коментарите не треба да содржат навредлив или несоодветен јазик и не треба да содржат јазик кој може да се смета како навреда или вулгарност;
Не се дозволени лични напади: Не се дозволени лични напади во коментарите на блогот. Коментарите треба да одговараат на содржината, но не и да го напаѓаат авторот или други коментатори, во спротивно ќе бидат ибришани
Коментарот мора да биде релевантен: Коментарот кој не придонесува кон разговорот, кој води во несоодветна насока или не е поврзан со темата може да биде избришан;
Линкови во коментарите: Коментарите може да содржат најмногу два линка до релевантни извори, но линковите наменети за продажба, рекламирање на производи или собирање лични податоци од читателите нема да бидат дозволени.

Ако сте се обиделе да оставите коментар на овој блог, а тој не се појавил во разумен временски рок, и ако знаете дека истиот не ги прекршува овие политики за коментирање, Ве молиме пишете ни на [email protected].

Содржината на овој портал е лиценцирана со Creative Commons Licence, која овозможува дистрибуција во согласност со правилата на лиценцата (CC BY-NC-ND 4.0/ CC BY-ND 4.0), односно:

• Можете да ги споделувате, копирате или реобјавувате нашите содржини, се додека истите не се злоупотребени за обликување погрешни и лажни информации и комерцијални цели.
• При репродуцирање МОРА да се наведе авторот на оригиналот и порталот www.youngeconomicminds.com.
• НЕ е дозволено менување на содржината на оригиналот, како и промена на распоредот и заклучоците со припишување и наведување линк до оригиналот. Доколку сакате да направите превод или реобјава на некоја содржина Ве молиме да не контактирате на [email protected]
• Традиционално цитирање на објавите на нашиот портал можете да направите во следниот формат:
Автор, (датум на објава), Наслов на објавата, преземено од Young Economic Minds на датум ________. Линк до оригиналната објава ____________.
YEM може да содржи линкови и содржини од други веб-страници за кои важат правилата од матичната веб-страна. Треба да знаете дека со напуштање на порталот www.youngeconomicminds.com и префрлање на друга страница, истата има други кориснички правила, кои ќе треба да ги прочитате.