Промени во јавниот сектор

0
202

Во основа, според сопственоста економските сектори можат да се поделат на јавен и приватен сектор. Кога станува збор за ефикасноста на економските сектори, поголем акцент се става на анализа на јавниот сектор. Имено, ова е особено важно за економии како нашата кои претходно се фундираа врз социјалистички систем и имаа одреден период на транзициски и приватизациски процеси.

Имено, во тој процес еден сегмент премина во приватна сопственост, меѓутоа одредени сектори останаа како државни. Иако, на прв поглед изгледаат како раздвоени, едниот треба да биде во функција на другиот, односно јавниот сектор треба да биде функционален со цел да служи како поддржувачки механизам на приватниот сектор. Оттука, во овој текст сегментот ќе биде ставен на подобрување на функционалноста на јавниот сектор.

Најпрво, за да јавниот сектор биде функционален, неопходно е дефинирање на кадровската политика во истиот т.е неопходно е имплементирање на ефикасен модел на управување со човечки ресурси. Понатаму, исто така треба да се изврши анализа на финансиското работење на јавните претпријатија и нивна соодветна финансиска консолидација.

Како нареден чекор кој би требало да следи е подобрување на техничките капацитети во овој сектор преку негово дигитализирање.

Сврзно ткиво на сите овие процеси треба да биде и ефикасен систем за управување со ризици. Овој систем е фундамент за остварување на поставените цели, и истиот во себе треба да вклучува силни контролни механизми. Овој контролен процес, треба да биде во конотација на спречување коруптивни дејствија како еден од главните проблеми на нашата економија. Воедно во таа насока неопходно е да се имплементира политика за спречување корупција.

Понатаму, во јавниот сектор потребно е да се подобрат капацитетите за проектен менаџмент со цел поефикасно процесирање и имплементирање на истите, што директно е корелирано со повисок степен на реализација, а со цел следење на истите, треба да се воспостави добар систем за мерење на перформанси.

На овој начин може јавниот сектор да генерира добри перформанси и да дава позитивен импулс во генерирање економски раст и развој.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде