Пропорционален или прогресивен данок?

Даночен систем и даночна политика се едно од најбитните обележја на суверена држава и се составен дел на вкупната економска политика што ја води државата и понатаму влијае на макроекономските движења и големина на макроекономски показатели во таа земја.
Даночниот систем на РМ претставува комбинација од различни видови даноци кои се погодни за остварување на целите на даночната политика.
Цитирајќи го членот 33 од уставот на РМ кој гласи: „Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон„ Најопшто дефинирано, даноците се јавен приход кој произлегува од обврската на сите даночни обврзници кон државата – физички и правни лица, задолжително да издвојуваат дел од својот приход, промет или имот. Даноците се присилни и задолжителни парични давачки кои се наметнати од државата со закон, без директни противуслуги, а кои понатаму се користат за финансирање на јавните расходи, од кои најпрво се финансираат јавните функции и државните потреби, а потоа се користат и за постигнување на определени економски и социјални цели.1
Теоријата познава два вида даночни стапки : прогресивни и пропорционални . Секој со свои предности и маани. Едните се по правични додека другите,пропорционалните, се полесни за пресметување и се постимулативни.Во рамките на даночниот систем даноците можеме да ги поделиме на директни и индиректни.
Од аспект на економска правичност се попогодни директни даноци , а од аспект на економска ефикасност тоа место го заземаат индиректните даноци.
Доаѓаме и до фактот дека економската ттеорија ги признава даноците како десторзивен елемент на пазарна алокација на ресурсите, бидејќи влијаат врз начинот на однесување на стопанските агенти.
Предностите и негативностите на прогресивно или пропорционално оданочување како и нивна примена во Р.Македонија ќе биде предмет на анализа на овој труд.

Пропорционални или прогресивни стапки во РМ

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде