Теорија на јавниот избор

0
326

Во суштината на економската наука или ако сакате – општествена дисциплина, се наоѓа стремежот на човекот за подобрување на неговата благосостојба, во најширок поим. Рационалната алокација на ретките и ограничени ресурси, уште од најстари времиња, претставувало поле на интерес за човекот. Секој поединец знае што е за него најдобро, која алтернатива најмногу ја преферира, кое решение ја максимизира неговата лична благосостојба. Водејќи се од овие основни, речиси инстинктивни човекови побуди, развојот на економска теорија на која основната премиса ќе налага слободен тек на економските активности како најефикасен метод за алокација на ресурсите, изгледа очигледно. Ваквата формулација на човекот како себично суштество ги оправдува филозофските основи на Адам Смит, кој во своето капитално дело „Природата и причините за богатството на народите“ запишал: „Ние нема да ѝ се обраќаме на нивната човечност, туку на нивната себичност. Ние никогаш нема да им зборуваме за своите потреби, туку за нивните користи“. Смитовата „невидлива рака“ се докажа како најефикасен инструмент за алокација, но на приватните добра. Јавните добра пак, се покажаа како проблематични за вклопување во идеите на либералните економисти. Потребата од друга теорија е неизбежна. Токму теоријата на регулација има за цел, преку инкорпорирање на јавниот интерес, да ги коригира пазарните неуспеси. Уште поважно, задача на ваквата теорија е да покаже и докаже зошто регулацијата е потребна во една пазарна економија и кои се полезностите од нејзината примена, а не само да проба да ја оправда истата со недостатоците на пазарот.
Идејата за обработување на оваа тематика произлезе од љубопитноста околу можноста за конвергенција на ставовите на граѓаните на едно општество и нивниот личен интерес, и интересите на креаторите на макроекономските политики и правилата на игра на пазарот, регулативите, законската легислатива и слично. Имено, лично ме интересира дали поимот „јавен интерес“ е идеал и утописки концепт. Ако тоа е така, ако не постои јавниот интерес, ние мора да ја обжалиме идејата за идеалите. Ако јавниот интерес е илузорен, тогаш илузорни се и правдата, слободата, интегритетот…

Теорија на јавниот избор

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде