Туризмот и неговото растечко економско значење

0
1101

Глобализацијата и растечкиот тренд на патувања го зголемува бројот на луѓе кои патуваат во други држави секоја година. Придонесот од туризмот за глобалниот БДП порасна за 3.9% во 2018, додека целиот БДП порасна за 3.7%. Тоа е тренд кој се случува неколку години по ред, на пример во 2012 придонесот од туризмот пораснал за 3%, додека БДП за 2.3%. Патувањето и туризмот директно креираа 2.6 трилиони долари, (еквивалентно на големината на економијата на Велика Британија) од глобалниот БДП во 2017, или 3.2% од целиот БДП. Целосниот придонес на патувањата и туризмот, вклучувајќи ги и индиректните влијанија креираа 8.3 трилиони, или 10.4%. Со самото тоа, за очекување е и во овие сектори да има многу вработени. Така, во 2016 над 13 милиони луѓе беа вработени во туристичката индустрија во ЕУ.

Позитивните ефекти за економијата од туризмот се големи. Ако ги погледнеме државите кои извлекуваат најголема корист од туризмот,
(GDP;2017)

  1. Malta – 15%
  2. Croatia – 15%
  3. Thailand – 9.3%
  4. Jamaica – 8.9%
  5. Iceland – 8.2%

ќе забележиме дека кај нив релативно висок процент од целиот БДП се создава токму таму. Доколку потенцијалите се искористат максимално, ефектот може да биде многу позитивен. А во светот скоро и да не постојат држави кои немаат голем туристички потенцијал, но многу важна улога играат и други фактори како што се маркетингот. Оваа индустрија не само што е една од најголемите на глобално ниво, туку и една од најдинамичните индустрии во 21от век. Секако, самиот обем на индустријата значи дека во туризмот ќе се вработуваат директно и индиректно многу луѓе. Но она што е карактеристично овде, е тоа што кај работните места има големи варијации за потребните вештини, па така работа можат да најдат и оние без никакво работно искуство, без високо образование, членови на малцински групи или мигранти, со што оваа индустрија овозможува намалување и на сиромаштијата. Улогата на владата на една земја има клучно значење за развојот на туризмот, бидејќи за земјата да стане атрактивна дестинација потребно е добра инфраструктура(како што се добри патишта до рурални туристички атракции) и ефективен маркетинг со што би се позиционирала земјата соодветно на меѓународно ниво, односно на листата за најпосакувани дестинации. Додека бенефитите како вработувања, девизни приливи и сл. се многубројни, овде воопшто не е лесно да се успее, конкуренцијата е огромна, и туристите имаат најчесто широк избор меѓу можни места за посетување. Исто така и традиционалните најпосакувани дестинации го чуствуваат притисокот постојано да иновираат и да се реструктурираат за да го одржат своето реноме.

Од друга страна постојат и многу негативни ефекти од туризмот, како што се неограничување на бројот на посетители во ист временски период што носи хаос, еколошките проблеми кои се изразени таму каде што локалните власти не обрнуваат доволно внимание на овој проблем, оштетување токму на оние работи што ги прави дестинациите привлечни, главно поради преголемиот број туристи, драстично зголемување на цените за домување(особено на удар се цените на кириите,т.е изнајмувањата на живеалиштата од страна на луѓе од околни градови) кај големите туристички центри како Барселона, Сан Франциско, Амстердам итн.

Македонија е полна со туристички потенцијали, што значи дека треба повеќе да се инвестира во овој сектор со цел да порасне и да стане значаен дел на нашата економија.

Фактот што туристичките посети во нашата држава бележат константен пораст секоја година од 2010 па до сега може да ни влее надеж но и да не натера силно да го промовираме растот на овој сектор. Во 2018 во Македонија имаше на 1.1 милион туристички посети од кои над 700 000 странски. Најголем дел од посетителите се од следните држави : Турција(нешто повеќе од 100 000 во 2018г.), Србија(над 50 000), Бугарија, Грција итн. Може да видиме дека околните земји преовладуваат што можеби е и нормално да се очекува, но потребно е земјава да се промовира и во подалечни земји.

Поради богатото културно наследство во сите региони, постои можност за развој на културен туризам. Богата и разновидна традиционална архитектура и занаетчиски производи, разноликост на градови, и гостопримливост на луѓето се главните предуслови за развојот на овој тип туризам. Постојат добри основи за ваков развој особено во регионите на Охридското и Преспанското езеро, и Скопскиот регион. Разновидноста на традиционални производи, особено органски земјоделски производи, природно ја формираат основата за рурален туризам. Огромната разновидност од традиционални високо квалитетни земјоделски и шумски производи се потенцијал за развој на агро-туризмот. Вакви потенцијали постојат во Пелагонија, Вардар, југоисточниот и источниот регион. Постоењето на многу геотермални извори соодветни за најразлични корисности може да се искористат за развој на бањскиот туризам,  кој што за некои региони се смета како потенцијално главен двигател на развојот. Руралниот туризам со брендирани производи е индикатор за високо квалитетен регионален одржлив развој. Постоењето на ски-центри во Полог, Пелагонија и источниот регион, со услови за развој на спортот, рекреација, ловни активности и сл. заедно со скијачкиот туризам се добра можност за развој на планински туризам во овие области. Изградба на нова и обновување на старата инфраструктурна мрежа е еден од условите за да се постигне одржлив регионален развој со туристички потенцијал.

Табела 1, идентификување на туристичките потенцијали по региони

Регион Потенцијал
Скопски Културен, Рекреационен, Транзитен
Северо-источен Транзитен, Културен, Еко, Бањски
Источен Еко, Културен, Рурален, Планински
Југо-источен Езерски, Еко, Рурален, Планински, Бањски, Транзитен
Вардарски Транзит, Културен, Рурален, Вино, Риболов
Пелагониски Планински, Културен, Езерски, Агро, Еко, Рурален, Лов и риболов
Југо-западен Езерски, Културен, Планински, Еко, Рурален, Риболов
Полошки Планински, Културен, Езерски, Еко, Рурален, Лов и риболов

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде