Фонд за осигурување на депозитите

0
507

Стабилноста на банкарскиот систем е обезбедена на две нивоа: а) со основна и б) со дополнителна заштита.
Основната заштита ја спроведува Централната банка, и се извршува преку структурна и прудентна регулатива. Во рамките на структурната регулатива се пропишани условите за влез и излез на институции од банкарскиот систем со што се штити банкарскиот систем од шпекулативниот капитал. Со прудентната регулатива поставени се стандардите за усогласеност при банкарските активности како и супервизорските стандари за ризичност во банкарското работење.

Дополнителната заштита на стабилноста на банкарскиот систем, а со тоа и на депонентите се врши преку системите за осигурување на депонираните средства во банките и штедилниците.Постојат неколку дефиници за системот на осигурување на депозити. Според едната, заштита која ја нуди системот на осигурување на депозити преставува гаранција дека депозитот, делумно или во целина ќе им биде исплатен на сопствениците. Според друга,системот на осигурување на депозити преставува формална, но ограничена шема која дава законски спроведлива гаранција на главнина (некогаш и на камата) на депозитот. Самите системи за осигурување на депозити се последна линија во заштита на депозитите, бидејќи се активираат кога некоја банка или штедилница ќе премине во стечај или ликвидација.

фонд за осигурување на депозити

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде