Етимолошкото потекло на зборот студент е од латинскиот глагол „stŭdērĕ“ што значи „да се посветува внимание на нешто“. Според тоа студент е некој којшто посветува внимание на некој предмет. Во македонскиот литературен јазик како студент се именува некој којшто посетува настава на факултет, односно некој којшто е во процес на стекнување вискоко, или вишо образование. Статусот студент се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на Универзитет, а со тоа, тој станува и член на акдемската заедница.
Правата и обврските на студентот се утврдени со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот, општите акти на Факултетот и договорот за студирање.
Студентот има право на:
- квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено во студиските програми,
- слободно искажување на мислења и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа,
- право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците,
- редовно студирање со статус редовен студент и право на вонредно студирање со статус вонреден студент,
- редовно да напредува, да се образува и да ги заврши студиските програми утврдени при запишувањето,
- запишување и образование под еднакви услови утврдени со Законот, Статутот и студиската програма,
- учество во управувањето со Универзитетот во согласност со Законот и Статутот,
- заштита на своите права и должности пред органите на Универзитетот,
- заштита на личноста и на достоинството на студентот од било каква злоупотреба,
- други права во согласност со Статутот, актите на Универзитетот и неговите единици.
Студентот има право да:
- студира истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви;
- ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа;
- да ги стави студиите во мирување;
- ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Универзитетот и неговите единици;
- учествува во научно-истражувачката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди;
- избира и може да биде избран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи;
- користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со Закон од вршителите на соодветните дејности;
- ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност;
- преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот:
- учествува во работата на студентските организации;
- учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со Статутот, актите на Универзитетот и единиците;
- ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со Статут и Правилникот на единицата;
- користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година;
- добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето;
- остварува соработка со студентите во земјата и во странство и
- остварува и други права согласно со Законот, Статутот и Правилникот на единицата.
Студентот има обврска да:
- ги исполнува задачите пропишани во студиските програми,
- ги почитува одредбите утврдени со Законот, Статутот, Правилникот на единицата и другите правни акти на внатрешното уредување;
- ги применува решенијата на органите на управување, ректорот, деканот, односно директорот
- да дејствува во согласност со студентскиот етички кодекс подготвен и одобрен од Универзитетот во согласност со студентското претставување.