Што ни донесе глобализацијата?

0
793

Најпрво да разјасниме што е економска глобализација, подоцна и како таа се рефлектира кај нас? Тоа е процес кој што е резултат на се поголемиот и забрзан процес на движењето на капиталот, луѓето и стоките. Тој процес подразбира финансиската интеграција, засилената диверзификација, глобалните фирми-корпорации, глобалната конкуренција и др. Се случува интернационализација на производството, економските и финансиските текови, и доаѓа до ширење на светската трговија и забрзување на технолошкиот развој. Во единствениот систем на светска трговија неповратно се вовлечени сите држави и региони.

Глобализацијата носи опасности за земјите неспособни да се приспособат, но создаде и шанси за поправање на неефективните системи. Поради овој процес конкурентност денес зависи од синергијата на индустриските, технолошките, финансиските и комерцијалните способности, кои се лоцирани на повеќе пазари, во повеќе земји, па дури и континенти.

Глобализацијата има 2 страни, позитивна и негативни. Позитивните последици од глобализацијата се многубројни, помеѓу кои се вбројуваат:

Пораст на глобалното производство и вработување (води кон намалување на сиромаштијата, економска експанзија на сиромашни држави и формирање на средна класа (пр. Кина, Индија, Бангладеш)).

– Се зголемува бројот на Транс-национални компании и нивното значење (води кон зголемување на светската трговија и пораст на глобалното богатство).

– Економска интеграција помеѓу државите и трговска меѓузависност (придонесува за светскиот мир).

– Странски директни инвестиции на ТНК (Транс-националните компании) во земјите во развој, и либерализација на одделните национални економии и нивно отворање кон надворешни влијанија (води кон економски раст на земјите во развој).

– Засилување на меѓуиндустриската специјализација и промени во меѓународната поделба на трудот (води кон пониски цени на производите и поефикасна алокација на ресурсите).

Секако постојат и многу негативни последици, како што се:

– Најголемиот дел од глобализацијата се одвива меѓу индустриските развиени земји; Се случува динамичен развој во информатичка технологија (Како последица расте асиметричниот развој меѓу развиените земји и земјите во развој; Влошување на terms of trade (условите на размена) за земјите во развој).

– Мултилатеризмот (институции како ММФ, Светска банка, СТО и др.) како водечка економска парадигма во меѓународните економски односи (води кон губење на национален економски идентитет и поткопување на демократијата).

– Се одвива интензивно во доменот на финансиските пазари, додека протокот на луѓе и стока расте побавно (води кон концентрација на економската моќ кај ТНК; Неконтролирани милионери; „Глобална диктатура” на капиталот).

– Меѓународна миграција на работна сила (води кон раст на сиромаштијата во развиените земји и стеснување на средната класа).

– Примена на принципите на неолибералната економија (се создаваат многу губитници, а малку добитници)

– Во конкурентска борба меѓу националните економии често се поставуваат ниски еколошки критериуми (Се доцни со решението на еколошките глобални или локални проблеми)

Без реформи, незадоволството кое постои од глобализацијата дополнително ќе порасне. Глобализацијата е неизбежна и неповратна, затоа проблемот е со кои реформи таа да се направи полезна и похумана. Секако поради тоа што проблемите се глобални, и решенијата мора да се „глобализираат“. Решенијата треба да се спроведат на национално ниво, но и преку интеграција и координација на политиките на регионално и светстко ниво, за да се остварат посакуваните промени.

Повеќе информации за тоа што претставува економската глобализацијата и нејзините ефекти на може да најдете на ова видео од Khan Academy (https://www.youtube.com/watch?v=GmomzubjO1I)

Каде се наоѓа Македонија во оваа приказна? Од аспект на протокот на луѓе, дефинитивно е активен учесник во глобализационите текови. Македонци има низ целиот свет. Од Македонија се отселени над половина милион луѓе, што е четвртина од целото население. Сепак, во обратна насока и не е баш така, во Македонија не се доселуваат луѓе од други држави, а ниту туризмот не ни е развиен во доволна мера, иако потенцијалот е голем и треба да се искористи (повеќе за туризмот и потенцијалите можете да прочитате во статијата насловена ТУРИЗМОТ И НЕГОВОТО РАСТЕЧКО ЕКОНОМСКО ЗНАЧЕЊЕ.

Од аспект на протокот на производи, се уште според мене немаме задоволително ниво на извоз и увоз, а како главна причина би го навел недостатокот од сектор/и во кои сме подобри од другите со што ќе можеме да оствариме поголем извоз од кој ќе добиваме девизни приливи за увоз. Оптимистички може да гледаме во индина на повеќе странски директни инвестии, бидејќи големите транснационални компании бараат пазари каде што ќе можат да добијат највисок поврат на инвестираниот капитал. Тие најчесто сакаат да инвестираат во економски зони каде има многу погодности и ослободувања, како што се ТИРЗ. Во 2018 година извозот забележа раст од над 4%, за што голема улога имаат странските компании кои произведуваат главно за извоз во економските зони.

Со потенцијалниот влез во ЕУ, би се остварил поголем проток на луѓе, производи и капитал, но доколку не се направат прво внатрешни економски промени тоа би било со далеку поголем раст на увозот отколку извозот, што само ќе резултира со поголеми дефицити, и што е полошо со уште поинтензивни иселувања.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде