Alternative use of resources

0
5977

Во светот на ретките ресурси луѓето постојано се соочени со можноста да избираат помеѓу алтернативните можности за употреба на ресурсите.

Доколку помеѓу разноликите алтернативи за употреба на ограничениот ресурс се одлучите за една, автоматски ја испуштате можноста за искористување на другите алтернативни употреби на ресурсот. Во таа насока, во економијата се јавува т.н. опортунитетен трошок.

Опортунитетниот трошок ни го покажува изгубениот доход врзан за алтернативната употреба на ресурсите. Бидејќи ресурсите имаат поголем број на алтернативни употреби, опортунитетниот тропок секогаш се врзува за највисоко вреднуваната, односно најповолната или најдобрата алтернативна употреба на соодветниот ресурс.

Во сметководството, под опортунитетен трошок се подразбира само реален издаток во пари. Но, за разлика од сметководителот, економистот секогаш го има во предвид и алтернативниот трошок.

Опортунитетните трошоци играат голема улога и при мерењето на вредноста на добра каде што пазарните критериуми се тешко апликативни – паркови, рекреативни центри, патишта и слично.

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде