Budgeting personal finances

0
982

Управување со готовина, штедење, инвестирање, планирање за пензија, трошење, поставување на финансиски цели и др. што сите овие поими имаат заедничко? Се разбира дека се однесуваат на финансиско планирање, и тоа финансиско планирање на поединец. Финансиските експерти се согласуваат, дека денес од кога било порано, во економијата циркулираат многу повеќе пари, но некако се чини дека знаењето и свесноста во врска со личните финансии не одaт во чекор со тој тренд (Maura Fogarty, 2012).Секако колку повеќе сме едуцирани во врска со финансиите, можеме подобро и да ги планираме. Луѓе кои имаат финансиски план, се посклони кон штедење, се чувствуваат подобро во врска со нивниот прогрес и носат посоодветни, т.е попресметани финансиски одлуки. Исто така, тие кои се наоѓаат на различни позиции, како во животен аспект така и во нивото на својата кариера, треба да ги согледаат сметките на личните биланси збирно, во реално време, да ги следат и анализираат своите трошоци се со цел да можат да ги остварат зацртаните финансиски планови. Буџетот е една од алатките кои можат да помогнат при пишувањето на целите, како и преглед како истите да се остварат. Добро осмислен буџет, може да послужи како патоказ за остварување на нашите желби и потреби. Целта на овој труд е да се доближи значењето на личниот финансиски менаџмент, на планирањето и на буџетирање, како начини за остварување на нашите сегашни и идни цели. Иднината не може да се предвиди, но може да се испланира!

Буџетирање на личните финансии - Мики Величковиќ 59584

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде