The odds of staying unemployed in future are high! (II)

0
4771

После 18. век се случија низа индустриски револуции. Овој процес започна со трансформирање на мускулната во механичка моќ за да конечно денес да предизвика пораст на човековото производство преку когнитивната моќ предизвикана од Четвртата индустриска револуција.

Првата индустриска револуција која траеше од 1760 до 1840 година го предводи механичкото производство преку изградбата на железничките пруги и парната машина. Сериското производство поткрепена од електричната енергија и склопувачката линија кон крајот на 19. век и почетокот на 20. век го овозможи Втората индустриска револуција. Додека, пак, Третата индустриска револуција започна во 1960-те години. Таа компјутерска или дигитална револуција беше развивана преку полупроводниците, компјутерските мрежи и интернетот.

Но, Четвртата индустриска револуција, според Klaus Schwab, од претходните се разликува по три основи: брзината, ширината и длабочината и системскиот ефект. Требаше да поминат 120 години за да вретеното кое стана симбол на Првата индустриска револуција да се шири надвор од Европа, додека, интернетот за пократок период од 10 години се рашири низ целиот свет. Сè уште 1,3 милијарди луѓе немаат пристап до електрична енергија, или само 17% од луѓето целосно ја доживуваат Втората индустриска револуција. Истото важи и за Третата индустриска револуција; половина од светската популација, помеѓу кои најголем дел во земјите во развој немаат пристап до интернет.

Четвртата индустриска револуција не е поврзана само со паметни и поврзани машини и системи, таа има многу поширок опфат. Постојат симултани скокови во повеќе области; од секвенционирање на цели геноми, нанотехнологии, обновливи енергии, па сè до квантни техники. Основната разлика на оваа револуција од претходните три ќе биде можноста на спојување на овие технологии и нивната интеракција низ физичките, дигиталните и биолошките области.

Четвртата индустриска револуција ќе има многу широки и различни влијанија врз економијата и разграничивањето на еден ефект од друг ќе биде многу тешко. Односно, повеќето макроекономски варијабли -БДП, инвестиции, потрошувачка, вработеност, трговија, инфлација и др.- ќе бидат погодени од технолошката револуција. Но, најголемо внимание заслужуваат најкритичните две димензии, растот (од аспект на продуктивноста како негова детерминанта на долг рок) и вработеноста. И покрај потенцијалното поволно влијание на технологијата врз растот на економијата, потребно е да обрнеме внимание на барем краткорочното негативно влијание врз пазарите на труд.

Уште во 1931 година познатиот економист John Maynard Keynes нè предупреди за широко распространетата технолошка невработеност: “Нашите откритија на новите технологии со цел економизирање на употребата на трудот го надминуваат темпото на пронаоѓање алтернативни употреби на трудот.” Законот на Moore кажува дека процесорската моќ на компјутерите се дуплира на секои 18 до 24 месеци. Интегрираното коло, за првпат беше измислен во 1958 година. Оттогаш до моментот брзината на компјутерите се зголеми за приближно 27 пати. Постојат докази дека во последните неколку години компјутерите ги завземаат работните места на сметководители, касиери и телефонски оператори. Овие трендови повторно ја разгореа дебатата.

Станува јасно дека повеќе различни категории на работи, особено оние кои имаат својство на механички или повторувачки дејствија и мануелна работа веќе се автоматизирани. Се разбира дека под дејство на силниот експоненцијален раст на компјутерската моќ уште многу категории на работи ќе станат дел од автоматизацијата. Побрзо отколку што очекуваат најголем дел од луѓето, најголем дел од професиите помеѓу кои се и правници, доктори, новинари, сметководители, осигурители, библиотекари, делумно или целосно ќе бидат цел на автоматизацијата.

Но, тие работни места, исто така, нема многу долго да ја издржат конкуренцијата од автоматизацијата. На пример, да видиме што се случува во еден од најкреативните процеси: пишувањето. Неодамна, списанието New York Times, во рубриката за колумни постави една колумна напишана од страна на вештачка интелегенција и ја сподели со читателите под псевдоним. Иако колумната беше прочитана илјадници пати никој не сфати дека се работи за интервенција од страна на вештачката интелегенција. Исто така, вештачката интелегенција работи на претворање на тексовите добиени од новинските агенции во напис во весник; ги уредува истите да бидат објавувани во печатените списанија или интернет порталите; го пишуваат, обработуваат и објавуваат целиот текст итн.

Сметам дека е корисно да се погледне истражувањето во кое економистот Carl Benedikt Frey и експертот за машинско учење Michael Osborne, двајцата од Мартин школата при Универзитетот Оксфорд, го квантифицирале потенцијалното влијание на технолошката иновација врз вработеноста. Тие имаат подредено 702 различни категории на профеии врз основа на нивната подложеност на автоматизацијата (распоредот се движи од 0 до 1, односно од работни места кои немаат ризик од замена од страна на некој вид на компјутер во иднина кон работните места кои тотално би биле заменети од автоматизацијата). Како работи кои најмалку се подложени на автоматизација се наведуваат оние кои се одликуваат со социјални и креативни способности, односно, носење одлуки за време на растечка неизвесност и развивање нови идеи.

Вториот дел од серијалот на статии кои планирам да ги напишам на оваа тема го завршувам со два конкретни примери од американската економија. Да ги споредиме Детроит од 1990 година (еден од главните индустриски центри во тоа време) со Силиконската долина во 2014 година. Во 1990 година во Детроит заедничката пазарната вредност на најголемите три компании била 36 милијарди долари, вкупните приходи изнесувале 250 милијарди долари, а биле вработени 1,2 милиони работници. Додека, пак, во 2014 година во Силиконската долина заедничката пазарна вредност на трите најголеми компании била многу повисока (1,09 трилиони долари), имале приближно исто ниво на приливи (247 милијарди долари) а вработувале 10 пати помалку работници (137.000).

На 2 Јануари 2010 година списанието Washington Post напиша дека во првата деценија на 21. век во американската економија бројот на нето креирани работни места изнесуваше нула во однос на здравиот раст на работните места во претходните шест декади (38% во 1940-те, 24% во 1950-те, 31% во 1960-те, 27% во 1970-те, 20% во 1980-те и 20% во 1990-те). Ситуациите никогаш не биле толку лоши во периодот после Големата депресија. Никогаш не се случило цела деценија растот на работните места во однос на претходниот период да биде под 20%. Дури и во периодот на енергетската криза и стагнацијата од 1970-те работните места растеа со 27%. Според авторот на бестселерот “Растот на роботите”, Martin Ford, Американската економија за да може да се справи со зголемената работна сила секоја година треба да креира нето нови милион работни места. Ако ја гледаме реалноста, иако во првата деценија на 21. век требаше да се креираат околу нето 10 милиони нови работни места, но реалноста беше сосема поинаква.

Во наредните статии ќе продолжам да пишувам на оваа тема, но ќе ги опфатам различните аспекти. На претходната статија ја потенцирав мислата на основачот на Светскиот економски форум Klaus Schwab, кој потенцираше дека сме на почетокот на една револуција која радикално ќе ги промени нашите животи, начини на работа и односи и дека сме влезени во еден силен процес на трансформација. Нè чека свет во кој можностите и заканите кои ги нуди се разделени со една тенка линија, оние луѓе, општества и држави кои правилно ќе ги искористуваат времето и енергијата ќе им се отворат сите врати, додека тие кои ќе ја пропуштат новата ера навистина ќе се соочуваат со големи и непремостливи пречки во нивното делување.

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде