Економетрија: Како да ја измериме економијата?

0
185

Кога сте во состојба она за кое зборувате и да го мерите, тогаш Вие и знаете нешто за него; кога нешто не можете да го мерите, кога не можете да го изразите во бројки, тогаш Вашето знаење е слабо и незадоволително; тука можеби се работи за почетокот на сознанието, но Вие тешко сте напредувале во вашите мисли до стадиумот на науката.

Лорд Келвин

 

Веројатно некогаш уживајќи во Вашето слободно време сте се запрашале дали и како е возможно да се предвиди стапката на економскиот раст или стапката на инфлација  во наредниот квартал или наредната година. Одговорот е „да“, возможно е, а тој процес го овозможува токму економетриската наука.

Што е економетријата?

Терминот „економетрија“ се состои од два збора: еконо, што означува економија и метрија што значи мерење. Како што рекол и економистот Gangadharrao Soundalyarao Maddala: „Буквално кажано, зборот економетрија значи мерење на економијата…“ (Maddala, 2001).

Економетријата може да се дефинира како општествена наука во која се применуваат алатките на економската теорија, математиката и статистичкото заклучување врз анализата на економските појави (Goldberger, 1964, pp.1). Силата на економетријата е во обединувањето на трите дисциплини (Frisch, 1933).

За првпат поимот „економетрија“ во употреба го вовел норвешкиот економист и добитник на Нобеловата награда за економија за 1969 година Рагнар Фриш, во 1926 година. Според него, економетријата е синтеза на три науки: теоретска економија, математика and статистика. Сопствен придонес за развитокот на економетриските истражувања дале и врните економисти: Јан Тинберген, Тригве Хавелмо, Лоренс Клајн и останати (Stojkov, 2008, pp. 521). Сите овие се добитници на Нобеловата награда за економија за достигнувања во областа на економетријата.

Значаен придонес за олеснување на економетриските истражувања дале пронаоѓањето и напредокот на компјутерите (кон крајот на минатиот и почетокот на XX век, потточно од појавата на првата верзија на софтверот во март 1994 година, најкористен, наједноставен и визуелно најсликовит софтвер за економетриска анализа е економетрискиот пакет Eviews, за кој е изработен и прирачник за употреба на македонски јазик од страна на Проф. д-р Весна Буцевска, но и актуелниот учебник по предметот Економетрија на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ, изработен од истиот автор, „Економетрија со примена на Eviews“, е изработен со примена на оваа компјутерска алатка) и развојот на статистиката (теоретска и применета) и сл.

Слика бр.1: Заштитниот знак на економетрискиот софтвер Eviews

Економетриското здружение, основано на 29 декември 1930 година во Хотел Сталтон во Кливленд, сојузната држава Охајо на САД, по иницијатива на економистите Ирвинг Фишер и Рагнар Фриш, имало посебна заслуга за развојот на економетријата. Ова здружение извршува бројни публикации од кои е најважно да се истакне списанието Econometrica, кое почнува да се издава од јануари, 1933 година.

Економетриската анализа се состои од неколку фази:

  • прва фаза, квалитативната фаза, која се состои од утврдување на теорија или хипотеза;
  • втора фаза, математичка формулација на добиените резултати во првата фаза и спецификација на моделот за тестирање;
  • трета фаза, оценка на параметрите на меѓузависностите во моделот;
  • четврта фаза, верификација (тестирање) на хипотезите;
  • петта фаза, испитување на способностите на моделот да предвидува идни движења низ времето;
  • шеста фаза, користење на моделот за потребите на економската политика на владите (Gujarati & Porter, 2008)

Денес, економетриските модели наоѓаат широка примена во економијата, посебно во формулирањето и спроведувањето на економската политика на владите, предвидување на идни настани т.е. на макроекономските променливи (пр. предвидување на стапката на економски раст, стапката на инфлација, каматни стапки, стапката на невработеност, цената на нафтата, цената на златото и сл.)

Што е регресионата анализа како јадро на економетријата?

Регресионата анализа е статистичка техника која што настојува да ги објасни промените во една променлива, која се нарекува зависна (објаснета) променлива (на пример личната потрошувачка на населението), како функција од промените кај низа други променливи, наречени независни (објаснувачки) променливи (на пример БДП). Најчесто, зависната променлива ја означуваме со Y, а објаснувачките променливи со X1, X2,…Xk.

Основниот класичен линеарен регресионен модел математички презентиран се изразува на следниов начин:

Ознаките на економетрискиот модел се следниве:

Yi – зависната (објаснета) променлива, пример личната потрошувачка на населението во Република Македонија;

 – константен член (отсечок) т.е. нивото на појавата, пример нивото на личната потрошувачка во Република Македонија во некоја година;

 – коефициент на наклон кој означува за колку во просек ќе се зголеми личната потрошувачка на населението на Македонија ако БДП порасне за 1 единица (пример 1 милион евра);

 – резидуал кој ја претставува разликата помеѓу фактичката и оценетата вредност на зависната променлива Y, пример на личната потрошувачка.

Во интерес на разбирливото, едноставно и основно презентирање на економетриската наука на ова место и во насока накусо и јасно да бидат запознаени сите заинтересирани читатели со економетриската наука, тука би завршиле со нашата експликација.

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде