The law of supply and demand

0
836

Индивидуалната побарувачка за определено добро претставува количина на доброто што едно лице сака и е способно да ја плати во определен временски период.

Пазарната побарувачка за доброто претставува збир на индивидуалните побарувачки за доброто на соодветниот пазар.

Факторите што ја условуваат побарувачката за доброто се: цената (Px), доходот на потрошувачите (Y), големината на пазарот (M), цената на добрата поврзани со тоа добро (комплементарните добра, Pr), вкусовите на потрошувачките (T), очекувањата на потрошувачите за движењето на цената во иднина (E) и други релевантни фактори (O).

Побарувачката за доброто (dx) е функција на сите споменати фактори, односно:

dx= f (Px, Y, M, Pr, T, E, O)

Покачувањето на цената на доброто, под претпоставка дека ништо друго не се променило (ceteris paribus), предизвикува опаѓање на вкупната барана количина за тоа добро.

Намалувањето на цената на доброто, под претпоставка дека ништо друго не се променило (ceteris paribus), предизвикува пораст на вкупната барана количина на тоа добро.

Ефектот на супституција претставува феномен кој се рефлектира доколку едно добро поскапи, рационалните потрошувачи ќе се обидат да го супституираат т.е. да го заменат со друго добро.

Ефектот на доход претставува појава која се отсликува доколку покачувањето на цената на едно добро ги осиромашува потрошувачите, т.е. предизвикува смалување на нивниот доход.

Гифиновиот парадокс т.е. Гифиновиот ефект (Giffen effect) може да се објасни со преовладувањето на ефектот на доход пред ефектот на супституција т.е. постојат случаи во кои побарувачката за доброто, место да се намалува, расте со порастот на цената (намалувањето на доходот).

Добрата за кои побарувачката расте со порастот на доходот (или со намалувањето на нивните цени) се нарекуваат нормални добра (normal goods).

Отстранувањето од законот за побарувачката е поврзан со т.н. инфериорни добра (inferior goods). Кај овие добра, порастот на доходот на потрошувачите, место кон зголемување, води кон намалување на побарувачката за овие добра. Кај инфериорните добра, ефектот на супституција преовладува пред ефектот на доход.

Под понуда се подразбира количината на одредено добро што претпријатијата сакаат и се способни да ја поизведат и продадат за определен временски период.

Пазарната понуда се добива со сумирање на сите количини на одредено добро што индивидуалните претпријатија сакаат и се способни да ги произведат и продадат во определен период.

Понудата на доброто (sx) е функција на пазарната цена на доброто (Px), доколку другите фактори кои ја детерминираат понудата останат непроменети.

sx=f(Px) ceteris paribus

Намалувањето на цената на доброто, ceteris paribus, предизвикува опаѓање на вкупната понудена количина за тоа добро. Зголемувањето на цената на доброто, ceteris paribus, предизвикува пораст на вкупната понудена количина за тоа добро.

Најзначајни фактори (освен цената) кои што дејствуваат врз понудата се: профитот на претпријатието, трошоците на производство, технологијата, цената на другите добра што се во врска со доброто и други релевантни фактори.

Пазарната рамнотежа т.е. изедначувањето на понудата и побарувачката се постигнува во точката каде што купувачите се подготвени по дадената цена да ги откупат сите понудени количини, а продавачите се подготвени по истата цена да ги продадат сите произведени количини од соодветното добро.

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде