Предлог стратегија за дигитализација на Република Македонија

Изминатата 2019 година, на клупите на Економскиот Факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на предавањата по предметот Економско планирање и под менторство и безрезервна поддршка на Проф. д-р Сашо Ќосев, ние, авторите на овој труд, со голема желба и ентузијазам се одлучивме да изработиме национална развојна стратегија за дигитализација на Република Македонија под називот „Digital Macedonia 2025“ со надеж дека еден ден ќе се најде во рацете на релевантните институции и ќе биде реализирана во македонската економија.

Имено, општествениот развиток веќе длабоко навлезе во фаза на фундаментални промени кои ги засегаат скоро сите аспекти на животот. Промени кои во своите основи ги носат технолошко-информатичките откритија и иновации. Во новата информациско-комуникациска епоха, лидери (земји, региони, компании и индивидуи) че бидат оние кои благовремено ќе донесат правилни одлуки базирани на длабоко разбирање на новите трендови. Одлуки кои ќе доведат до приспособување на новиот начин наживот. Оние кои тоа нема да го сторат ризикуваат да останат во зоната на стагнација.

Клучната улога на новото информатичко општество произлегува оттаму што тој е последица, но и причина на одржливиот економски развој. Ваквата негова улога го става фокусот врз искористувањето на предностите кои произлегуваат од него, имплементација на информатичките иновации, искористување на можностите, но и тешкотиите со кои се соочуваат и ќе се соочуваат помалку развиените општества и за нив својствените економии.

За таа цел, се изработуваат национални стратегии за развој и усогласување на дигитализацијата на општеството, кои треба да бидат проактивни, односно активно да одговараат на секоја промена на технологијата, а во исто време да бидат конзистентни и неизолирани од  останатите политики и активности кои го третираат развојот на информатичкото општество во државата. На овој начин се поставуваат основите и насоките за креирање на новото дигитално опкружување, односно ќе создадат проактивен амбиент неминовен за креирање и развој на новата дигитална економија.

Крајната цел е да се создаде подобра глобална конкурентност на земјата преку јавно-приватен дијалог, што ќе се постигне преку промоција на економија базирана на знаење, искористувајќи огромен потенцијал за извоз на ИКТ индустријата, подобрување на квалитетот на јавните и приватните услуги и остварување значаен скок во економијата за доброто на сите граѓани и на општеството во целина.

Не смее да се пропушти да се нагласи и концептот на широко партнерство. Тоа подразбира соработка помеѓу Владата, граѓанскиот сектор, приватниот сектор, операторите, локалните самоуправи и сите други заинтересирани страни кои со свите квалитети, искусто, знаење и можности, ќе придонесат не само за непречена изработка на стратегијата, туку и успех при имплементацијата на истата.

Искуствата од потесното и поширокото опкружување навистина нудат избор на позитивни примери и успешни мерки за дигитализација на општествата. Од интерес на сите граѓани на Републиката е ваквите искуства да бидат прифатени и кај нас но, се разбира, преку нивно модифицирање и усогласување со конкретната општествена ситуација и постојните развојни можности на националната економија. Ситуациониот пристап, базиран на детална анализа на сите сегменти релевантни за предложените мерки, несомнено можат да доведат до успех и остварување на крајните цели поставени во оваа стратегија, со што македонската економија ќе биде поефикасна и поконкурентна во глобални рамки, а македонското општество ќе стане општество на висока благосостојба и одржлив економски просперитет.

Со почит,

Anastasija Milkovska

Martin Kostovski

Marjan Nikoloski

Стратегија-за-дигитализација-на-Република-Македонија за YEM

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде