Technological-industrial development zones in Macedonia

0
1348

Технолошо-индустриски развојните зони се олицетворение на маркиран дел од територијата на една национална економија кој е просторно ограден и место каде што е во тек процесот на производство по однапред дефинирани слободни даночни, царински, надворешно трговски и останати видови на олеснувања.

Овие зони во себе инкорпорираат слободен систем на работење, претходно димензиониран со Закон за слободни економски зони, со засебни царински ослободувања и во рамките на можностите, симплифицирани административни процедури. Во овие либерални економски зони може да се извршуваат диферентни активности кои не индицираат закана по безбедноста на земјата и не се непријателски настроени кон животната средина.

ТИРЗ претставуваат логистички центри кои ги интегрираат производствените процеси и активности во системот на трансформација на една локација – производство, магационирање, утовар и истовар на стоката, транспорт, шпедитерските услуги, елиминирани царински бариери и симплифицирани административни процеси.

Слободните економски зони иницираат:

-раст и развој на националната индустрија;

-отварање на нови работни места;

-креирање на центри за логистика (концентрирани услуги на едно место);

-трансфер на технологии и знаење;

-привлекување на СДИ со извозна ориентација;

-пробив до екстерни пазари;

-концентрирана меѓународна трговија.

Предностите кои ги нудат ТИРЗ во македонската економија се:

-Фискални олеснувања (ослободување од даночни обврски за директни инвестиции, ДДВ олеснување и одредени такси на локалните самоуправи);

-10 годишни даночни ослободувања, односно неплаќање на данокот на добивка и данокот на персонален данок на доход, како и ослободување на царински давачки за стока, опрема, суровини и градежен материјал;

-Земјата се зема под закуп за период од 99 години;

-Ефикасна администрација (one stop shop);

-Едноставна и брза царинска процедура (во секоја слободните економски зони се наоѓа царинска испостава);

-Локални субвенции од користењето на инфраструктурата (инвеститорите не плаќаат надомест за уредување на градежното земјиште кон општината во која тоа гравитира и не плаќаат надомест за добивање на градежни дозволи итн.);

-Инвеститорите се ослободени од плаќање комунални такси;

-Бесплатен приклучок на гасоводна, водоводна и канализациона мрежа;

-Владата може да го поддржи растот на капиталните инвестиции и приходите со поврат на 10% од инвестициските трошоци во нови машини и опрема, или инвестиции во објекти и земјиште до максимум од 1 милион евра во период од 5 години;

-Помош за обука на вработени: претпоставена вредност од 5.000 евра за секој нов вработен. Корисниците на ТИРЗ можат да добијат помош во форма на грант за обука на вработените во висина на 50% од подобните трошоци за тренинг. Се претпоставува дека секоја година само за новите вработени се користи помош во висина од 5.000 ЕУР по нов вработен;

-Вработување: 50% од бруто-платата во период од 2 години.

Царина
Стоки Стапка во ТИРЗ Стапка надвор од ТИРЗ
Опрема, машини,

резервни делови

0% 0% – 20%
Даноци    
Данок на добивка 0% до 10 години 10%
Персонадел данок на доход 0% до 10 години 10%
Данок на додадена вредност (ДДВ) 0% 18%
Акциза 0% 5% – 62%

Табела 1. Предности и акцелерации на ТИРЗ во македонската економија (Извор: Дирекција за ТИРЗ во Р. Македонија)

На компаниите не им е дозволено да ги пренесуваат своите активности од друг регион во земјата во ТИРЗ, па на тој начин на инвеститорите им е забрането да затвораат домашна фабрика и повторно да отворат во зоната. Забраната за компаниите кои ги пренесуваат своите активности од други делови на земјата е важна заштитна мерка, која помага да се зачува даночната основа на земјата.

Дирекцијата за слободни економски зони (во понатамошниот текст: ДТИРЗ), основана во август 2000 година од страна на Владата која официјално започнува со работа во февруари 2002 година е непосредно одговорна за функционирањето на ТИРЗ како и за промоција, имплементација и активност на овој проект. Одборот на ДТИРЗ е структуриран од седум члена, од кои тројца се претставници на компании и четворица претставници на Владата.

ДТИРЗ има моќ да доделува градежни дозволи, работни дозволи и друга помош, може да склучува договори за закуп на земјиште и располага со сопствени буџетски средства. Ги координира интеракциите на странските компании со различни министерства. Таа има одговорност за промоција на инвестиции во зоните, преговарачки поттик, договори со потенцијалните инвеститори во име на владата, и обезбедување на услуги за ex post грижа за инвеститорите во зоната. Ги координира активностите во зоната (како што е промоција на инвестиции), ги симплифицира централните владини услуги (како што се лиценцирање, користење на земјиште и обезбедување на комунални услуги), се координира со други владини тела (како што се царината и даночната администрација) и ја следи усогласеноста со регулативата. Таа издава одобренија за основање, промоција и престанок на работењето на корисниците. ДТИРЗ е исто така одговорна за регулирање на закупнините, тарифите и надоместоците што им се наплаќаат на корисниците и за координирање за обработка на одобренија и дозволи потребни за започнување на работа на компанија во зоната. Покрај тоа, таа е задолжена за анализа на локациите за зоните, планирање и техничка документација, промоција и рекламирање на зони, откуп на земјиште, изградба на инфраструктура во зоните, води евиденција за државна помош, изготвува годишни извештаи, врши надзор над инфраструктурата, обезбедува сигурност и се грижи за дистрибуција на природен гас до зоните.

Оваа дирекција, во согласност со членот 5 од Законот за слободни економски зони ги изведува сите активности кои се однесуваат на развојот, основањето и супервизијата на активностите во слободните економски зони.

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде