Што е студент?

0
9758

Етимолошкото потекло на зборот студент е од латинскиот глагол „stŭdērĕ“ што значи „да се посветува внимание на нешто“. Според тоа студент е некој којшто посветува внимание на некој предмет. Во македонскиот литературен јазик како студент се именува некој којшто посетува настава на факултет, односно некој којшто е во процес на стекнување вискоко, или вишо образование. Статусот студент се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на Универзитет, а со тоа, тој станува и член на акдемската заедница.

Правата и обврските на студентот се утврдени со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот, општите акти на Факултетот и договорот за студирање.

Студентот има право на:

  1. квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено во студиските програми,
  2. слободно искажување на мислења и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа,
  3. право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците,
  4. редовно студирање со статус  редовен студент и право на вонредно студирање со статус вонреден студент,
  5. редовно да напредува, да се образува и да ги заврши студиските програми утврдени при запишувањето,
  6. запишување и образование под еднакви услови утврдени со Законот, Статутот и студиската програма,
  7. учество во управувањето со Универзитетот во согласност со Законот и Статутот,
  8. заштита на своите права и должности пред органите на Универзитетот,
  9. заштита на личноста и на достоинството на студентот од било каква злоупотреба,
  10. други права во согласност со Статутот, актите на Универзитетот и неговите единици.

Студентот има право да:

  1. студира истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви;
  2. ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа;
  3. да ги стави студиите во мирување;
  4. ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Универзитетот и неговите единици;
  5. учествува во научно-истражувачката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди;
  6. избира и може да биде избран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи;
  7. користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со Закон од вршителите на соодветните дејности;
  8. ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност;
  9. преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот:
  10. учествува во работата на студентските организации;
  11. учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со Статутот, актите на Универзитетот и единиците;
  12. ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со Статут и Правилникот на единицата;
  13. користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година;
  14. добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето;
  15. остварува соработка со студентите во земјата и во странство и
  16. остварува и други права согласно со Законот, Статутот и Правилникот на единицата.

Студентот има обврска да:

  1. ги исполнува задачите пропишани во студиските програми,
  2. ги почитува одредбите утврдени со Законот, Статутот, Правилникот на единицата и другите правни акти на внатрешното уредување;
  3. ги применува решенијата на органите на управување, ректорот, деканот, односно директорот
  4. да дејствува во согласност со студентскиот етички кодекс подготвен и одобрен од Универзитетот во согласност со студентското претставување.

COMMENT

Please enter your comment!
Ве молиме внесете го Вашето име овде