Мерки за справување со економската криза како последица на коронавирусот

0
1368

Во последните денови и недели очите на македонската и светската јавност се вперени во развојот на настаните во врска со коронавирусот. Оваа епидемија има негативни импликации на меѓународните економски односи. Имено, од досегашниот развој на настаните и негативните економски импликации почнувајќи од финансиските пазари па се до реалниот сектор можеби не е далеку од вистината заклучокот дека капитализмот како систем на ова ниво на развој нема доволно силни  внатрешни механизми за справување со вакви шокови и кризи. Меѓутоа, во овој момент треба да се дефокусираме од економските идеологии и акцентот треба да биде ставен на мерките и препораките за ублажување на економските последици.

Имено, креаторите на економските политики во нашата држава концепираа добри мерки со кои би се зголемила вкупната ликвидност во економијата, со што бизнис заедницата полесно би го пребродила овој период, но во оваа ситуација важна е и ориентираноста кон одделни економски сектори. Имено, повеќе од јасно е дека доста неповолни ефекти ќе има врз туристичкиот сектор. Во овој конткест, добра е мерката за формирање фонд за стабилизација,но уште подобро е да се размисли за зголемување на финансиските капацитети на истиот преку интегрирање во некој европски фонд.

Понатаму зависно од тоа колку ќе трае оваа криза, трошоците во туристичката индустрија би можеле до одредено ниво да се компензираат преку интензивирање на домашната туристичка потрошувачка, меѓутоа за ова е неопходна структурна мерка преку која би се зголемила туристичката понуда и би се промовирал најмногу моделот на викенд-туризам преку делење на соодветни ваучери на домашното население.

Исто така во овие стабилизациски процеси добро е што повеќе да биде вклучена осигурителната индустрија како сектор кој служи за дисперзија на ризиците.

Понатаму, исто така треба да се работи на забрзување на  процесите и механизмите  за канализирање на ИПА фондовите како свеж капитал за македонската економија.

Што се однесува на банкарскиот сектор покрај веќе донесените мерки треба да се размисли на промовирање на моделот на проектно финансирање со цел зголемување на степенот на финансиска интеремедијација, а со тоа и динамизирање на економската активност.

Со цел олеснување на работењето на аграрот пожелно е да се спроведе мерка во вид на гарантиран откуп на некои од залихите на земјоделските производи.

 Од апсект на државата со цел да се креира простор за процесирање на сите овие мерки неопходно е зголемување на штедењето во јавниот сектор.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде