Монетарен лек за економијата за време на COVID-19

0
485

Основните цели на Народната банка на Република Македонија се:

  • одржување стабилни цени;
  • стабилен девизен курс;
  • одржување на финансиска стабилност.

Имено, Народната банка на Република Македонија, како централна банка т.е. „банка на банките“, денес, на 16.03.2020 година, во вакви несекојдневни и вонредни состојби кога македонската економија (слично и како останатите економски системи во светот) е погодена од негативен, неочекуван и неекономски шок, донесе одлука за имплементација на прва монетарна мерка преку монетарната политика, мерка која се воведува по појавата на пандемијата на заболувањето Covid-19 предизвикано од вирусот SARS-CoV-2 и која се очекува да изврши стимулирање на деловните банки да ги поддржат нападнатите сектори во економскиот систем.

При стабилно ниво на стапката на инфлација (општото ниво на цени) и задоволително ниво на девизни резерви во трезорот, но при антиципирани негативни ефекти од екстерни фактори, поттикната и од мерките од здравствените власти во насока на ограничување на ризиците од понатамошна дисперзија на пандемијата од заболувањето COVID-19 (т.н. Коронавирус), НБРМ извршува намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, т.е. таа актуелно ќе изнесува 1,75%.

Релаксирањето на монетарната политика се случува по вторпат во актуелнава фискална година, по првичното намалување на каматната стапка во месец јануари како одговор на реалните состојби на високите девизни резерви и ниската динамика на стапката на инфлација, при присуство на глобални ризици, вклучително и од дисперзијата на заболувањето COVID-19 (т.н. Коронавирус).  Оваа мерка ќе придонесе за одржливост на кредитниот циклус и намалување на ефектите од негативниот шок врз македонската економија, посебно врз ликвидноста на корпоративниот сектор, но важно е да се нагласи дека е висок ликвидносниот потенцијал на банкарскиот систем.

На одржаната електронска седница на Комитетот за оперативна монетарна политика беа донесени и неколку заклучоци за македонската и глобалната економија:

  • Егзистираат значителни ризици за светската и македонската економија предизвикани од појавата на новото заболување Covid-19.

Импактот врз понудата и побарувачката, понатаму и врз довербата на инвеститорите и потрошувачите т.е. за економскиот раст на светските економски системи е од голем размер. Очекувањата дека овој здравствен шок ќе биде изразен само во локален периметар низ градот Вухан или Народна Република Кина се покажаа како нефундаментални, но воедно краткорочно се реализираше и ризикот за големината на неговата временска динамика, јачината и географската распространетост. Овој здравствен феномен „колонизира“ 80 земји во светот за само неколку седмици (т.е. од крајот на месец февруари па се до првава половина на месец март). Глобалните економски системи континуирано преземаат општествено-економски мерки за спречување на галопирачкото движење на оваа пандемија, а дел од нив се:

  • ограничување на движењето;
  • одложување поголем број активности;
  • забавување на глобалните синџири на производство;
  • промени на цените на пазарите на финансиските инструменти и на примарните производи.

  • Реакции стигаат и од останатие централни банки во светот (Федералниот систем на резерви во САД, Европската централна банка, Банката на Англија) преку намалување на нивните каматни стапки и конструирање на мерки за оформување ликвидност во економските системи и стимулирање на кредитирањето. Ефектот ќе биде релаксирање на финансиските услови и поттикнување на реалниот сектор, во случај на негативен шок врз вкупната економска активност.

 

  • Од исклучителна важност е да се потенцира дека македонскиот банкарски систем е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се вбројуваат и можните ефекти врз економскиот систем од дисперзијата на заболувањето Covid-19 (т.н. Коронавирус) во светски рамки. Домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра состојба од периодот на почетокот на глобалната рецесија во 2008-2009 година.

 

  • Економските движења се стабилни, нивото на девизните резерви е на задоволително ниво во насока на соодветно реагирање при евентуална ескалација на ризиците.

ОДГОВОРЕТЕ

Ве молиме внесете го Вашиот коментар!
Ве молиме внесете го Вашето име овде